Киелце потврди – го „украде“ Циндриќ од Вардар!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Раководството на Киелце потврди дека потпиша три годишен договор со Лука Циндриќ, па хрватскиот ракометар ќе се пресели во Полска откако ќе му заврши договорот со Вардар во јуни 2018 година.

Хрватскиот бек со тимот предвoден од Талант Душебаев потпишал тригодишен договор, а таму ќе премине како замена за Урош Зорман.

„Се разбира дека сме среќни, бидејќи во тимот ќе имаме играч од светска класа. Тоа Циндирќ ни го потврди на завршниот турнир во Келн. Мислам дека Циндриќ ќе биде достоен наследник на Зорман, кој за една година ќе нè напушти“, изјави претседателот на Киелце.

Циндриќ во Вардар се промовираше во еден од најдобрите ракометари во светот на неговата позиција иако има само 23 години.