Министерството за финансии за денеска закажа аукција на државни хартии од вредност. Според проспектите на Министерството за финансии, понудени се 12 месечни државни записи со и без девизна клаузула, 3 годишни државни обврзници, 5 годишни државни обврзници и 15 годишни државни обврзници. Вкупната сума за задолжувањето е 36 милиони евра. Веќе утре 14 февруари, Министерството треба ја врати истата сума. …