Задолжување за одборчување: Министерството за финансии денес позајмува 36 милиони евра за да врати стари долгови!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Министерството за финансии за денеска закажа аукција на државни хартии од вредност. Според проспектите на Министерството за финансии, понудени се 12 месечни државни записи со и без девизна клаузула, 3 годишни државни обврзници, 5 годишни државни обврзници и 15 годишни државни обврзници.

Вкупната сума за задолжувањето е 36 милиони евра. Веќе утре 14 февруари, Министерството треба ја врати истата сума. Македонија покрај домашните задолжувања, позајми пари со еврообврзница од половина милијарда евра. Следното задолжување за раздолжување на домашниот пазар е предвидено за 27 февруари. До јуни, се предвидени по 2 аукции месечно.