Митко Чавков, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, изјави дека со материјални докази ќе потврди дека раководел со акцијата за смирување на состојбата во Собранието по насилствата на 27 април минатата година и дал клучен придонес. „Целиот работен век го поминав во МВР. Чесно, совесно и професионално сум ги извршувал задачите. Предметот е апсурден“, рече Митко Чавков, пред судиите. …