Home Живот и здравје 12 здрави намирници кои можете да му ги дадете на вашето куче

12 здрави намирници кои можете да му ги дадете на вашето куче

Постојат многу намирници кои можете да ги споделите со вашиот пес, меѓутоа, некои се многу поздрави од други, а постојат и оние што се токсични за нивното здравје. Ви претставуваме 12 намирници кои се добри за здравјето на нашите четириножни пријатели:

1. Кикирики путер – Богат со протеини, здрави масти, ниацин, витамини Б и Е. Кикирики путер без сол е најдобар, бидејќи премногу сол може да биде штетна. Внимавајте да не содржи ксилитол, кој може да биде смртоносен за кучињата.

2. Пилешко – Варено пилешко месо добро за ужинка или како додаток на гранули. Сурови коски може да се даваат повремено, додека варените коски не се препорачливи бидејќи предизвикуваат задушување.

3. Творено сирење – Погодно за кучиња што толерираат лактоза, богато е со протеини и калциум.

4. Моркови – Одлична посластица богата со влакна и витамин А, добри за забите.

5. Јогурт – Полн со протеини, калциум и пробиотички култури. Препорачани се јогурти со активни култури без додадени шеќери и масти.

6. Тиква – Конзервирана или свежа, варена, добра за чувствителен стомак. Извор на витамин А и влакна.

7. Јајца – Варени или сурови, богати со биотин, протеини, рибофлавин и селен. Варени јајца без зачини.

8. Зелен грав – Препорачлива за диетални потреби, богата со влакна и нискокалорична.

9. Лосос – Богат со омега-3 масни киселини за здраво срце и кожа, најдобро варен.

10. Слатки компири – Слични на тиквата, богати со витамин А и влакна. Лесно сварливи.

11. Јаболки – Богати со фитонутриенти, витамини А и Ц. Давате исечени, без семки.

12. Овесна каша – Богата со витамини и минерали, добар извор на влакна за кучиња кои не се чувствителни на житарки.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

5 намирници кои ќе помогнат против надуеност на стомакот

Надуеностa на стомакот, која често ја чувствуваме, може да предизвика силно чувство на нел…