“`html
3 работи кои треба да ги знаете ако користите крема за сончање во облик на спреј
Производите за сончање во форма на спреј се веројатно најлесен, најбрз и најпрактичен начин да ја заштитите кожата од сонце. Дејствуваат исто како и другите видови креми за сончање (емулзии, гелови, стапчиња и сл.) во однос на заштитата од сончево зрачење, со тоа што нивната главна разлика најчесто е во текстурата. Поголемиот дел од спреевите за заштита од сонце кожата лесно ги апсорбира благодарение на лесниот состав, не оставајќи мрсни траги, а воедно се и водоотпорни. Сепак, постојат неколку совети кои вреди да ги знаете доколку спреевите се вашиот избор:
1. Обрнете внимание на количината спреј што ја нанесувате
Според Американската академија за дерматологија AAD, количината на крема за сончање што му е потребна на возрасен човек за целосно покривање на телото е отприлика онаа која собира на вашата дланка. Бидејќи е тешко да се одреди колку спреј сте нанеле на кожата, правилото е да прскате додека кожата не почне да свети. Исто така, важно е да запомните дека шишето спреј за заштита од сонце од околу 150 мл е доволно за околу 6 нанесувања.
2. Нанесете добро и рамномерно веднаш по пливање во море
За да бидете сигурни дека не сте пропуштиле некое место и дека сте ја нанеле кремата за сончање рамномерно на кожата, нанесете ја веднаш по пливање. Не заборавајте да ги покриете и тешко достапните места со крема за сончање, како што се ушите, челото, носот, стапалата и зад колената.
3. Спрејот за заштита од сонце не престанува да биде спреј…
Никогаш немојте да нанесувате спреј за заштита од сонце (или било кој производ во спреј) во близина на топлина или нешто запаливо (на пример, свеќа и сл.) или додека пушите. Иако кремата за сончање не е запалив материјал, може да биде кога се користи во форма на спреј. Затоа, проверете дали сте далеку од „опасни“ жаришта.
Дополнителен совет: Независно од видот на крема за сончање што ја користите, не смеете да заборавите да ја нанесете повторно на секои два часа кога сте на отворено или веднаш по пливање или прекумерно потење.
“`