Македонскиот актер Трајче Ѓоргиев, основач и главен двигател на ПАНФИЗ, меѓународниот фестивал за пантомима и физички театар, фестивал кој 16 години го поддржуваше и оддржуваше овој жанр во театарската уметност и ги донесе кај нас некои од најдобрите светски пантомимичари, почина на 55-годишна возраст. Ѓоргиев дипломирал на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на …