Борел порача: Нови избори на Косово и формирање на ЗСО – во спротивно ќе има сериозни последици во односите со ЕУ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел во статус на социјалната платформа „Твитер“ повика на организирање нови избори на Косово на кои би учествувале Србите и неодложно формирање на Заедница на српски општини.

Доколку ова не биде направено најави сериозни последици во односите со ЕУ.

Високиот претставник изјави дека овие барања биле соопштени на средбата со претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Вјоса Османи.