Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Актерката Ким Катрал, која се прослави благодарение на својата култна улога на Саманта Џонс во популарната серија „Сексот и градот“, се враќа во финалето на втората сезона на „And Just Like That“, продолжението на споменатата култна серија, пренесува Variety. Сепак, таа ќе се појави само во една сцена.
Многумина беа изненадени од веста за нејзиното враќање со оглед на тоа што обожавателите на серијата знаат дека постои тензија помеѓу Катрал и нејзините колешки. Како што пишува Variety, таа го снимила својот дијалог без никаков контакт со другите актерки од серијата на 22 март во Њујорк.
Во сцената, Саманта, која се сели во Лондон, ќе има телефонски разговор со Кери Бредшо, која ја игра Сара Џесика Паркер. Во првата сезона од серијата, Кери воспостави контакт со отуѓената Саманта преку смс пораки, а во финалето на сезоната тие две планираат да се видат и да се смират.
Исто така, Variety пренесува дека нејзиното појавување во серијата нема да биде продолжение на ликот на Саманта.
Во 2016 година, Катрал објави дека одлучила да заврши со играњето на Саманта Џонс кога го читала сценариото за третиот филм „Сексот и градот“ и не и се допаднала насоката во која се движи ликот.
Сепак, враќањето на Саманта во која било форма сигурно ќе ги воодушеви обожавателите на „Сексот и градот“.