Владата на Косово синоќа донесе одлука да го забрани влегувањето на Косово за возила со српски регистарски таблички, соопшти владиниот портпарол Перпарим Криезиу. Криезиу за Радио Слободна Европа изјави дека владата, по апсењето тројца припадници на косовската полиција од страна на српските власти, одлучила да го зголеми нивото на граничната контрола. „Од безбедносни причини институциите одлучија да го зголемат нивото …