Лукашенко се фали со нуклеарното оружје кое Белорусија го добила од Русија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белорусија почна да добива тактичко нуклеарно оружје од Русија, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко на руската државна телевизија.

Александар Лукашенко изјави за Росија-1 дека некои од нив се „трипати“ помоќни од атомските бомби фрлени од САД врз Хирошима и Нагасаки во 1945 година.

Лукашенко вчера рече дека нема да се двоуми да употреби оружје доколку неговата земја се соочи со агресија. „Не дај боже денеска да треба да донесам одлука за употребата на тоа оружје, но нема да има двоумење ако се соочиме со агресија“, рече претседателот Лукашенко.

Владимир Путин најави дека ќе го пренесе оружјето во магацините преку руската граница, но нагласи дека ќе ја задржи целосната контрола врз неговата употреба. Тактичкото нуклеарно оружје обично се разликува од нуклеарните боеви глави вградени во интерконтинентални балистички ракети.

Наменето е да ги уништи непријателските трупи и оружје на бојното поле, а не да уништува цели градови.