Секоја парна година малите дечиња, момчињата и мажите, но и многу припаднички на поубавиот пол, со нетрпение ги очекуваат култните албуми од Panini, кои ги пополнуваат со сликички од фудбалерите кои ги претставуваат нивните национални репрезентации на Европското или Светското првенство. Се купуваат сликички, се менуваат дупликати, а најзаразените фанови веќе го имаат пополнето албумот уште пред почетокот на првенството. …