„Тиквеш“ наместо дивиденди на малите акционери, реинвестиција на добивката


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Винарската визба „Тиквеш“, наместо да подели дивиденда за малите акционери, одлучи добивката од 2017 година во висина од 2,5 милиони евра да биде реинвестирана.

Добивката која изнесува 570 денари по акција односно 2,5 милиони евра да биде реинвестирана, предлага Управниот одбор на најголемата македонска винарска визба

Винарската визба „Тиквеш“ да ја реинвестира цената нето добивка остварена во 2017 година, предлага Управниот одбор на акционерите. Ова е предлог одлука што ќе се најде на дневниот ред на акционерското собрание на најголемиот македонски извозник на вино во шишиња и предвидува 153,4 милиони денари да бидат реинвестирани односно во оваа година да се вложат во нови инвестиции во „Тиквеш“. Акционерското собрание на „Тиквеш“ ќе се одржи на 27 јули во Скопје. Со оглед на тоа дека потписник на предлогот е Свето Јаневски, претседател на Управниот одбор и воедно и ко-сопственик на најголемиот акционер –фирмата „М- 6“, не е тешко да се претпостави дека овој предлог ќе биде прифатен на претстојното собрание.

Цел текст на Фактор