На 60-годишна возраст почина македонскиот актерот Владимир Ендровски-Љац, објави Македонскиот народен театар (МНТ), кој беше негова матична сцена. „Замина нашиот колега Владимир, нашиот пријател Љац, ненадминливиот актер и препознатлив лик на театарската сцена и телевизискиот/филмски екран – единствениот Владимир Ендровски. На сцената на НУ РСМ МНТ и воопшто во театарот, телевизијата и филмот кај нас остана огромна празнина која Ендровски …