Турција со предупредување до Русија: Полека малку со тоа истрелите, да не ја зголемиме тензијата на Црно Море


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Турција упати официјално предупредување до Русија откако во неделата беа испукани предупредувачки истрели врз товарен брод на турска компанија кој се движеше кон пристаништето Измаил, во јужна Украина, соопшти во вторникот кабинетот на турскиот претседател.

„Соговорниците во Русија се предупредени за да не се повторат вакви иницијативи, кои можат да ја зголемат тензијата на Црното Море“, објави Анкара. Со ова се прекина молкот на турската влада во однос на бродот, кој иако плови под знамето на Палау, е во сопственост на турска компанија.

„За да се принуди бродот да застане, од руски воен брод беа испукани предупредувачки истрели од лесно автоматско оружје“, соопшти во неделата руското Министерство за одбрана. Според Москва, капетанот на бродот Сукру Окан не ја послушал наредбата да застане за проверка на товарот.

Потоа хеликоптер со руски војници полетал за да го прегледа бродот, а потоа му било дозволено да го продолжи патувањето до украинско пристаниште, додаде истиот извор. Владата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган молчеше до четвртокот за инцидентот, што предизвика остри критики од турската опозиција.

„Руското Министерство за одбрана објави снимка од рацијата на руските војници на турскиот брод Сукру Окан и така дозна нашиот народ. Палатата не соопшти ништо за тоа. Зошто?“ праша опозицискиот лидер Кемал Киличдароглу на Икс, поранешен Твитер, во четвртокот попладне.

Во средината на јули, Москва се повлече од договорот со кој се дозволува извоз на украинско жито од пристаништата на југот на земјата, а неколку дена подоцна, на 19 јули, Москва предупреди дека секој брод што влегува или излегува од украинските пристаништа ќе го гледа како можна цел.