Украина прв пат ги пушта во контраофанзива моќните 82-ра и 46-та бригада


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


82-рата воена украинска бригада е една од најмоќните и најдобро опремените единици на украинската армија која до сега беше чувана во резерва. Откако очекуваниот пробив не се случи, Украина реши во борба да ги внесе и 2.000 војници на 82-та бригада кои на фронтот за прв пат носат борна кола Страјкер и Членџер 2 тенкови.

82-та и 46-та бригада се едни од последните што Киев ги држеше во резерва. Нивното излегување на фронтот се очекува значително да ја засили огнената моќ на украинската армија.

Проблем е што кога двете бригади неизбежно ќе се повлечат од теренот заради одмор и неопходни поправки, „бидејќи ниту една бригада не може вечно да се бори“, Украина нема да има идентично моќна и свежа бригада која би можела да ги замени нив.

Украина до сега имаше слично искуство кога маринците решија сите свои четири бригади во исто време да ги распоредат во близина на Мокри јали. Ова му заврши работа на Киев бидејќи маринците успеаа да ослободат серија населби на патот кон Мариопул.

„Меѓутоа маринците еден ден ќе треба да се одморат. И за сега не е јасно која сила ќе ги замени. Иако Украина има уште бригади од територијалната одбрана и националната гарда, тие ја немаат ни приближната огнена моќ и обука што ги имаа морнаричките бригади,“ пишува Дејвид Акс за Форбс.

82-та бригада е распоредена во близина на Роботине, а според репортажите и видеата од фронтот, таа е отприлика на некои си 1,5 километар од позициите што руската 1430-та моторизирана регимента ги држи во Роботине. Русите до сега имаа извештаи дека ги забележале Страјкер и Марудер оклопните возила на Украинците, но се уште не споменуваат дека виделе Членџер.

До сега украинските сили во неколку наврати се обидоа да извршат крилен напад на рускиот гарнизон во Роботине, меѓутоа беа одвратени. Сега тие на располагање имаат плус две бригади кои се изразито тешко вооружени.

„Доколку Русите во Роботине успеат да ги одбранат своите позиции и да издржат она што ќе биде снажен но привремен јуриш на украинската воена моќ, тие на крај може да се најдат во позиција да ги нападнат Украинците во моментот кога ќе им дојде ред на јуришните бригади да излезат од фронтот без да имаат соодветна замена,“ пишува Акс.

Извор: ОффНет