Автобуската несреќа која се случи во близина на селото Ласкарци зави во црнина уште едно семејство. На скопскиот клинички центар, на повредите здобиени во несреќата им подлегна 19-годишна девојка која беше една од патничките во кобниот автобус на „Дурмо-Турс“ на 13 февруари. На девојката и беше ампутирана ногата и се бореше за животот, за на крајот да ја загуби битката. …