Уганда ја претстави својата нова туристичка стратегија која се фокусира на промовирање на „природно надарените жени“ од таа земја, пренесуваат медиумите. Државниот министер за туризам Годфри Киванда иницираше натпреварување во убавина под името „Miss Curvy Uganda“ со цел промоција на туризмот и привлекување туристи во Уганда, како дел од туристичката стратегија за промовирање на сите атракции кои ги нуди земјата. …