Home Мода и убавина Вака Французинките носат шорцеви во лето

Вака Французинките носат шорцеви во лето

Французинките имаат способност сè што ќе допре нивното тело да изгледа софистицирано. Во нивниот изглед постои некоја необјаснива посебна привлечност, благодарение на која дури и во шорцеви изгледаат неверојатно.

Филозофијата „го носам само она што ме изразува“ ги прави Французинките и нивниот стил уникатни и посебни. Тие секогаш се издвојуваат со едноставноста на својот стил. Токму тоа ги прави овие жени толку интригантни и нè поттикнува да внесеме дел од нивната елеганција во сопствениот изглед. Набљудувајќи што носат, можеме да добиеме одлични идеи, а тоа се однесува и на апсолутниот летен фаворит – шорцевите.

Како Французинките носат шорцеви?

Без разлика дали избираат елегантни бермуди со висок струк и набори или класични тексас-шорцеви, Французинките со своето модно чувство успеваат да го унапредат овој класичен летен модел. Тоа го постигнуваат така што умешно си поигруваат со силуетите и линиите на облеката. Секогаш наоѓаат совршена рамнотежа меѓу широките и тесните кроеви.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

7 модели на костими за капење кои никогаш нема да излезат од мода

За оние што претпочитаат да вложуваат во безвременски парчиња, класичните костими за капењ…