Home Актуелно Врховен суд џокер на Мијалков и „алфите“ за случајот „Тортура“ на СЈО

Врховен суд џокер на Мијалков и „алфите“ за случајот „Тортура“ на СЈО

Сашо Мијалков и дел од припадниците на специјалната единица „Алфи“, кои се обинети во рамки на случајот „Тортура“ на СЈО, за апсењето на Љубе Бошковски, побараа обвинението за случајот да биде одбиено бидејќи СЈО доцнело 25 дена и го пропуштило рокот за истото.

Адвокатите на обвинетиот Мијалов и шестмината припадници на алфите се повикаа на последното решение на Врховниот суд со кое судиите донесоа став дека секоја истрага и обвинение покренати по 30 јуни 2017 од СЈО се неважечки и во спротивно на рокот од 18 месеци.

Судот експресно го одби барањето на адвокатите и обвинетите бидејќи ваков тип на приговор требало да поднесат кога Кривичен ја оценувал основаноста на обвинението.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…