„Curvy“ Уганѓанки со раскошни облини ќе привлекуваат туристи во Уганда


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Уганда ја претстави својата нова туристичка стратегија која се фокусира на промовирање на „природно надарените жени“ од таа земја, пренесуваат медиумите.

Државниот министер за туризам Годфри Киванда иницираше натпреварување во убавина под името „Miss Curvy Uganda“ со цел промоција на туризмот и привлекување туристи во Уганда, како дел од туристичката стратегија за промовирање на сите атракции кои ги нуди земјата.

Листата на туристички атракции, покрај природните убавини и националните паркови, сега е збогатена и со жени со раскошни облини.

Изборот за убавина се одржа покрај базен во градот Кампала, а со бујните лепотици позираше и министерот Киванда.

„Имаме природно убави жени со раскошни облини кои е вистинско уживање да ги гледа човек. Зошто да не го искористиме тоа како стратегија за промовирање на туризмот“, вели Киванда.

На „Miss Curvy Uganda“ можат да се пријават жени од 18 до 35 години, а според локалните медиуми, организаторката на изборот, Ен Мунгома, вели дека ваквите манифестации „ќе ја зголемат видливоста и почитта кон луѓето во Уганда“.

Од друга страна, пак, активистката Примрос Нјонјози Мурунги од Уганда, повикува изборот да се откаже.

„2019 година е, дами и господа. А цел туристички одбор се собра и одлучи да иницира вакво нешто. Тие луѓе имаат деца“, напиша таа на Фејсбук.