Владејачката СДСМ ја достави кандидатурата на Стево Пендаровски во Државната изборна комисија потпишана од 32.000 граѓани. Шефот на изборниот штаб, Александар Кирацовски најави мирна и достоинствена кампања, која како што рече ќе го отсликува демократското општество, пренесува Макфакс. Половина час по СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја достави кандидатурата на Гордана Силјановска Давкова до ДИК. Од партијата најавија европска кампања и …