Еврокомесарот Јоханес Хан на економски форум во Виена изјави дека е убеден оти Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите со Европската унија уште летово, а отворање на преговарачките поглавја до крајот на годинава. Зборувајќи за нивото на подготвеност на земјите од Западен Балкан на економскиот форум во Виена, Хан е дециден: „Според политичката стабилност Северна Македонија е најдобра …