Еден од основачите на Фејсбук апелира: Сега е доста, време е да го згаснеме!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Крис Хјус му помогна на Марк Закерберг да го трансформира Фејсбук во голема социјална мрежа и планетарно препознатлив бренд, а сега истиот тој Марк повикува токму таа социјална платформа да се згасне.

Во долгата колумна која ја напиша за New York Times, Хјус вели дека Закерберг има „неверојатна моќ“ и влијание во владите. Време е, вели тој, Фејсбук да се укине.

„Марк е добра, човечна личност. Но лут сум му, бидејќи фокусот на растот на компанијата го доведе до тоа да ја жртвува безбедноста на неговите корисници за кликови“, напиша Хјус.

„Разочаран сум, од себеси и од првиот тим програмери во Фејсбук, што не предвидовме како News Feed алгоритмите ќе ја променат нашата култура, ќе влијаат на изборите и ќе ги зајакнат националистичките лидери“, вели Хјус, додавајќи дека „Закерберг е опкружен од погрешни луѓе кои никогаш не му се спротивставуваат“.

Хјус е само еден во низата бивши извршни луѓе од Фејсбук кои повикаа на категорична регулација на планетарно најпопуларната и најбројна со корисници социјална мрежа, како и на други „онлајн“ платформи. Закерберг изјави дека е отворен за некои регулации. Во својаота колумна за Washington Post, директорот на Фејсбук ги потцрта нештата за кои би се согласил да ги промени на Фејсбук.

Хјус изјави дека Марк сега има сопственост и контрола на 80% од светскиот пазар на „оналјн“ медиуми. Тој, исто така, предложи дека американската влада треба да формира агенција која ќе врши надзор на работата на технолошките компании.