Хан е убеден: Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите со ЕУ уште летово


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еврокомесарот Јоханес Хан на економски форум во Виена изјави дека е убеден оти Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите со Европската унија уште летово, а отворање на преговарачките поглавја до крајот на годинава.

Зборувајќи за нивото на подготвеност на земјите од Западен Балкан на економскиот форум во Виена, Хан е дециден:

„Според политичката стабилност Северна Македонија е најдобра во споредба со останатите земји во регионот и не исклучувам“, посочува еврокомесарот, „да ги надмине и Србија и Црна Гора, кои од поодамна ги отворија преговорите со Унијата“.

„Ние работиме напорно да ги убедиме малкумината кои се уште се двоумат во Унијата да дадат зелено светло за почеток на подготвителни преговори многу наскоро. Убеден сум дека тоа ќе се случи пред летото. Вие сте единствената земја која нема ниту еден билатерален спор со соседите. Зошто? Затоа што во стратегијата за Западен Балкан објавена од Европската Комисија во февруари се вели дека нема да прифаќаме нови членки ако тие имаат билатерални конфликти“, изјави Јоханес Хан, еврокомесар за проширување

Оптимист за исчекор наредниот месец е и македонскиот премиер. Подготвени сме и политички и институционално, рече Заев во обраќањето во Виена, посочувајќи ги Договорите со Грција и Бугарија како клучни за стабилноста на регионот, а за врвни приоритети ги наведе токму реформите од судството, безбедносниот служби и администрацијата, кои се вградени токму во двете преговарачки поглавја, кои би биле отворени.

-Се надевам дека по 14 години, како земја кандидат, ќе ги почнеме преговорите со ЕУ. Целосно сум убеден дека мојата земја летово ќе добие позитивна одлука за отворање на поглавјата и како што спомена еврокомесарот Хан, до крајот на годинава, навистина да ги отвориме преговорите со поглавната 23 и 24, ако двете страни се подготвени да ги почнат преговорите, изјави Зоран Заев, претседател на Владата.

По обраќањата на форумот, Заев и Хан имаа и средба во Виена. Работите ќе бидат појасни на 29-ти мај, кога Европската Комисија ќе го објави извештајот за напредокот на земјава. И Евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар денеска оцени дека земјава ќе добие позитивен извештај кој ќе препорача преговорите со Унијата.