По повод одбележувањето на 30-годишнината од „Кадифената револуција“, вечер во Македонскиот народен театар, со почеток од 18 часот, премиерно ќе биде изведена „Аудиенција“ од Вацлав Хавел во режија на Сибел Абдиу. Ја организира Амбасадата на Чешка во Скопје, со поддршка од Делегацијата на Европската Унија, Министерството за култура, МНТ и „Машина продакшн“. „Аудиенција“ е трагикомична апсурдна драма во еден чин, …