Home Наука и техонологија По повод 30 години од „Кадифената револуција“: Вечер во МНТ „Аудиенција“ од Вацлав Хавел

По повод 30 години од „Кадифената револуција“: Вечер во МНТ „Аудиенција“ од Вацлав Хавел

По повод одбележувањето на 30-годишнината од „Кадифената револуција“, вечер во Македонскиот народен театар, со почеток од 18 часот, премиерно ќе биде изведена „Аудиенција“ од Вацлав Хавел во режија на Сибел Абдиу.

Ја организира Амбасадата на Чешка во Скопје, со поддршка од Делегацијата на Европската Унија, Министерството за култура, МНТ и „Машина продакшн“.

„Аудиенција“ е трагикомична апсурдна драма во еден чин, според делумно автобиографскиот текст на Хавел од 1975 година. Во двете улоги (Сладарот и Вањек) ќе настапат Џенап Самет и Владо Јовановски.

Вањек е драмски писател, интелектуалец, принуден да работи во пиварница. Тој е алтер-егото на авторот (измислена личност, психолошки идентична со авторот), кој е следен од тајната полиција. Сладарот е претпоставениот на Вањек кој во него гледа авторитет, и покрај тоа што му е подреден. Се обидува да направи нечесен и неетички договор со Вањек.

Целта на претставата е да посочи на апсурдноста на комунистичкото општество, неверојатниот јаз меѓу интелектуалците и медиокритетите, а исто така и индиректната критика на тоталитаризмот и не-слободата.

Композитор на претставата е Слободан Трајкоски, а сценограф Ујза Жури. „Аудиенција“ повторно ќе биде изведена и задутревечер (8 ноември) од 20 часот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Наука и техонологија
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…