Двокатна 5-ка на ЈСП во Скопје се запали утрово на улицата „Ѓорче Петров“. Според првичните информации кои доаѓаат од надлежните служби, нема повредени во незгодата. Од министерството за внатрешни работи информираат дека Бригадата за против пожарна заштита добиле информација дека во 9 и 40 на улицата Ѓорче Петров има опожарен автобус на ЈСП. Пожарот е локализиран за 10 минути . …