Дете однесло кокаин во градинка – ја нудело и воспитувачката „за да се чувствува како Спајдермен“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Петгодишно момче од сојузната држава Масачусетс, САД, во детската градинка каде што одело на дневен престој се појавило со ќесичка полна кокаин.

Воспитувачката во градинката била шокирана кога малиот ја понудил да стави од правот во уста и дека потоа „ќе се чувствува како Спајдермен“. На кесичката со кокаин имало слики на Спајдермен.

Воспитувачката веднаш го известила директорот на градинката кој повикал полицијата. Иако кесичката не била отворена, полицијата превентивно го однела момчето во болница. Откриле дека детето не конзумирало од кокаинот.

Таткото Бени Гарсија

Потоа, тие отишле во домот на неговото семејство, каде го нашле таткото Бени Гарсија и го уапсиле. Пронашле 38 кесички со кокаин и 70 кесички со хероин во неговиот дом.

Полицаецот Џим Алберт откри дека Бени веќе бил баран под обвинение за продажба на наркотични средства.

Во куќата имало уште едно бебе и сега двете деца се наоѓаат под социјална заштита.