Славната американска пејачка Пинк објави дека е позитивна на коронавирусот. Таа додаде дека ќе донира по 500.000 долари за две служби за итна помош. Пинк на Твитер напиша дека заедно со нејзиниот тригодишен син почувствувале симптоми пред две недели, по што била тестирана. Пинк додаде дека членовите на нејзиното семејство се веќе во домашна изолација и се негативни на Ковид-19. …