Пејачката Пинк позитивна на коронавирус – еве што апелира


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Славната американска пејачка Пинк објави дека е позитивна на коронавирусот. Таа додаде дека ќе донира по 500.000 долари за две служби за итна помош.

Пинк на Твитер напиша дека заедно со нејзиниот тригодишен син почувствувале симптоми пред две недели, по што била тестирана.

Пинк додаде дека членовите на нејзиното семејство се веќе во домашна изолација и се негативни на Ковид-19.

Добитничката на наградата Греми се залага за слободно и масовно тестирање.

„Неуспех е на властите што тестовите не се достапни. Оваа болест е сериозна и реална. Луѓето мораат да знаат дека ги напаѓа и младите и возрасните, и здравите и болните, и богатите и сиромашните. Затоа тестовите мораат да бидат широко достапни, за да ги заштитиме нашите деца, семејства, пријатели и општеството“, истакна Пинк.