Во заедничка истражна активност на црногорската и македонската полиција, на граничниот премин Кула вчера во македонски автомобил беа откриени и запленети околу 12 килограми хероин и уапсени се две лица. Полициската управа на Црна Гора соопшти дека на царинскиот премин Кула на влез во земјата била извршена контрола на возило марка „хјундаи” со македонски регистарски таблици, со кое управувал А.А. …