10.400 евра казна за белгискиот принц Јоаким – ја прекршил мерката карантин


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На 28-годишниот белгискиот Принц Јоаким, кој се зарази со коронавирус на забава во Шпанија, му беше изречена парична казна во висина од 10.400 евра заради кршење на мерката за карантин.

Тој е казнет бидејќи по пристигнувањето во Шпанија на 24 мај не го испочитувал 14-дневниот карантин, туку два дена подоцна присуствувал на забава во Кордоба.

Иако се извинил за своето однесување, принцот Јоаким ќе мора да ја плати казната, која ќе се намали за 50 отсто доколку ја плати во рок од 15 дена.

Принцот Јоаким е внук на белгискиот Крал Филип и е десетти во редот за наследување на тронот.