Home Шоубизнис Луксуз од 15 милиони долари: Ѕирнете во новиот апартман од Федерер во Дубаи

Луксуз од 15 милиони долари: Ѕирнете во новиот апартман од Федерер во Дубаи

Славниот тенисерски ас Роџер Федерер се поднови со луксузна недвижнина во Дубаи, каде редовно секоја година се подготвува за почетокот на наредната натпреварувачка сезона.

Федерер монденскиот Дубаи купи луксузен апартман во славната зграда „ Le Reve”, за кој платил 15 милиони евра, пренесуваат медиумите. Погледот од апартманот на Федерер од 566 квадратни метри е неверојатен.

Станот е светол и има величествен поглед на морето од балконот од 80 квадратни метри, пишуваат швајцарските медиуми.

Семејството Федерер на располагање има и базен кој се наоѓа на кровот на зградата, како и најсовремен фитнес центар, опремен по инструкции на Роџер, поради тоа што славниот тенисер токму во Дубаи редовно ги врши професионалните подготовки за почетокот на секоја сезона.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …