Македонската пејачка Тамара Тодевска е дел од најновата ЕУ кампања насловена „Европејците кои прават разлика“. Кампањата има цел да им ги претстави на граѓаните на Европската унија иновативните и талентирани жени од Западен Балкан. Освен Тамара, во оваа кампања свое претставување имаат и Маја Раишевиќ од Црна Гора, Селма Продановиќ од Босна и Херцеговина, Детина и Аргита Зали од Албанија …