Временска прогноза за оваа среда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес, среда, 19 февруари, во Македонија ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Кон крајот на денот и преку ноќта ќе има локални врнежи од дожд, на планините од снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.