Зеќири тврди: СДСМ нема шанси предизборно да коалицира со ДУИ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Потпретседателот и пратеник на СДСМ, Мухамед Зеќири, во синоќешната емисија „Отворено” на Телевизија 24 рече дека СДСМ е спремна за предизборна коалиција со сите партии на Албанците, освен со ДУИ.

-Ние сме отворени за соработка со сите политички партии на Албанците во земјава, освен со ДУИ, нема шанса со нив да се оди заедно во предизборна коалиција. Тоа е исклучено како можност и нема да се случи, рече Зеќири.

Тој додаде дека за останатите партии вратите се отворени.

-Јавноста за тоа брзо ќе биде запознаена. Секако дека таквата евентуална коалиција ќе се заснова на заедничка програма која обострано ќе биде прифатена од коалиционите партнери со кои СДСМ коалицира во моментов, но и од новата партија или партии. Ние оставаме простор за сите партии. Две веќе изјавија интерес за такво нешто. Тоа не е тајна. БЕСА изјави дека е заинтересирана доколку ги усогласиме програмите, а ДПА исто така се нуди како можен коалициски партнер, а ние сме отворени секако и за другите партии“, изјави Зеќири.