Синоќа, во скопско Инџиково, во неговиот дом бил сурово убиен четириесет и деветгодишен жител. Според информациите на полицијата зад убиството стојат две лица, а мажот бил застрелан пред неговата сопруга. Напаѓачите носеле маски и биле воорружени. Од МВР велат дека тие барале пари, по што го убиле мажот. Двајцата избегале по убиството.