Оваа е најскапата заштитна маска на светот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најскапата заштитна маска на светот, истовремено, го исполнува и условот да биде функционална, а не само декоративна, бидејќи во неа е инсталиран филтерот N99.

Чини 1,5 милиони долари, колку што кинески бизнисмен платил на позната израелска компанија за накит за да му направи заштитна маска направена од 18-каратно бело злато со 3.600 бели и црни дијаманти.

Покрај тоа, богатиот Кинез, кој живее во САД , има услов да се направи до крајот на годината.

Маската тежи 270 грама, и е скоро 100 пати потешка од класичната заштитна маска и веројатно нема да биде практична за носење.