Црна Гора ги отвора границите за останатите балкански земји – се дефинираат правилата и протоколите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Црна Гора од утре ги отвора границите со Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија, изјавил директорот на црногорскиот Институт за јавно здравје д-р Бобан Мугоша, објави Вијести.

Мугоша најавил дека за влез во Црна Гора најверојатно ќе биде потребен ПЦР негативен тест или серолошки ЕЛЕСА, но и дека денеска ќе биде одржана онлајн седница на Националното координативно тело на која ќе бидат дефинирани начините за влез во Црна Гора од земјите од Западниот Балкан.

Според Мугоша, границите се отвораат на барање на туристичкиот сектор, а земјата иако е во фаза на висока локална трансмисија, истата е целосно контролирана.

„Ние сме во фаза на израмнување на кривата и очекуваме да се спушта надолу. Ситуацијата е одраз на нашето однесување. Сите ние не се однесуваме доволно одговорно и затоа имаме 50-60 нови случаи дневно, иако имаме многу тестирања, просечно по 450. Тоа е на ниво од 50.000 тестирања во Германија и заедно со Словенците сме водечки во регионот“, изјавил Мугоша.