Ташко Георгиевски (Кронцелево, Егејска Македонија 1935–2012, Скопје) создаде прозни дела со потресна содржина, во кои ја отслика судбината на македонските откорнатици од своите прадедовски огништа. Темата за црното семе и за прогонувањето на илјадниците Македонци од своите родни огништа беше негова опсесија во целиот богат творечки опус. Силата на неговото раскажување е заснована врз автентични личности, врз трагични судбини и …