Сончев и топол понеделник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност која ќе се зголемува во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер кој вдолж Повардарието ќе биде со југоисточен правец. Преку ноќта кон вторник, претежно во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 31, Маврово 25, Охрид 27, Битола 31. Крива Паланка 30, Берово 28, Кавадарци 32, Дојран 33 Целзиусови степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на краткотраен дожд, а од пладневните часови наместа нестабилно и свежо со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.