Инвеститорот Мевљудин Алити, чија дивоградба кај трговскиот центар „Мавровка“ лани се уриваше со полициска придружба, признал вина и добил условна казна од две години, како и паушал за судски трошоци во висина од 3 000 денари (50 евра), пренесува „Призма“. Обвинетиот инвеститор, како што е наведено во правосилната пресуда објавена по барање на БИРН, во јуни годинава признал дека е …