РЕК Осломеј и РЕК Битола се ставаат во целосен погон за да се амортизира ценовниот удар во Македонија


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Поради ризикот и можноста Македонија силно да биде погодена од растот на цените на струјата на европскиот пазар, за спречување на таков евентуален удар, целосно се ставаат во погон РЕК Битола и РЕК Осломеј во Кичево.

Ваквата интервенција ќе резултира со производство на нови количини на струја околу декември. Тендерот е веќе распишан, а се очекува понудите да пристигнат идната недела. Надлежните очекуваат да се обезбедат потребите за универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, што ги покрива домаќинствата, пренесува Алфа.

Со ова сакаме да помогнеме на стопанството да имаат пониска цена на електричната енергија, да го задржат производството или цените кои ги имаат кон нивните договорни органи. Притоа и државата да излезе во пресрет на стопанските субјекти, но и компанијата да оствари дополнителен профит, изјави Ковачевски.

Најави, дека ќе се поттикнат и домашните компании да се вклучат во процесот на набавка и продажба на јаглен и енергија, што ќе значи стабилност на електроенергетскиот систем во државата.

Во текот на ноември треба да почне првата испорака на количини, а планот за производство на дополнителна електрична енергија е да почне во декември, јануари, февруари, март и до средината на април следната година, кога завршува грејната сезона 2021-2022 година, изјави Ковачевски.

Од Регулаторна комисија за енергетика велат дека досега 8 компании снабдувачи ги прекршиле правилата на игра. Колкави се штетите во пари, засега е непознато.

Пресметките за предизвиканата штета се уште е рано да се зборува, бидејќи согласно концептот за организирање на пазарот за баланс на енергија по 45 дена од завршување на месецот се изготвуваат првичните фактури, а по шест месеци се прави конечна фактура. Најголемите удири беа во месец август, така да првите фактури кои што ќе ги издава МЕПСО се очекува да бидат во втората половина на октомври и тогаш ќе се знае поконкретно, изјави Бислимовски.

Тој, најави гарантен фонд, што ќе биде внесен во Законот за енергетика, со цел да се избегнат вакви состојби и во иднина.

Стопанствениците предупредуваат дека доколку државата била побудна кризата можела и да се превенира побезболно

Потпретседателот на Стопанска комора Антони Пешев, посочи дека тоа што особено ги загрижило во Комората е дека еден дел од добавувачите на електрична енергија во директните договор со компаниите почнале да ги откажуваат договорите без сериозна причина за тоа и во ситуации кога договорите се на шест месеци или година дена.

Од нас во Комората беше сигнализирано дека ни смета тоа што во пазарот на продажба на електрична енергија се појавуваат играчи кои не се на нивното на преземените обврски. Имаат потпишано договори, се повлекуваат. Дури и не сме сигурни дали не се обидуваат да извадат екстра профит со оглед на тоа дека ако им биле набавени количините на електрична енергија, тогаш сега на овој начин со прекинувањето на договорите и побарување на повисоки цени, бараат да си го зголемат профитот, посочи Пешев.

Стопанството е загрижено дека еден дел од добавувачите на електрична енергија во разговори со компаниите почнале да ги откажуваат договорите без причина.

За бизнисмените било важно да се отвори дијалог со претставниците на производителите и РКЕ. Првиот човек на регулаторна Бислимоски деновиве изјави оти не гледа причини периодов да има корекција на цената на струјата.