Падна договор: Милан добива напаѓач од 35 милиони!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот гигант Милан е исклучително активен на трансфер пазарот и сака да создаде тим кој конечно ќе избори пласман во Лигата на шампиони.

Италијанските и француските медиуми синоќа излегоа со бомбастична вест и тврдат дека Милан го договорил трансферот на младата ѕвезда на Лил, Рафаел Леао.

20-годишниот Леао имаше одлична сезона во дресот на Лил и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а „росонерите“ за неговиот потпис ќе платат вкупно 35 милиони евра.

Во трансферот ќе биде вклучен и младиот играч на „росонерите“ Тиаго Џијало, кој е проценет на 5 милиони евра, а останатите 30 ќе бидат во кеш, притоа Лил ќе добие дополнителни 20% од следниот трансфер на Леао.

Леао се очекува во следните денови да пристигне на лекарски прегледи во Милано и да потпише 5-годишен договор со италијанскиот гигант.

Леао на „Сан Сиро“ ќе биде замена за Патрик Кутроне, кој е блиску до трансфер во Вулверхемптон за 25 милиони евра.

Трансферот на Леао не го исклучува трансферот на Анхел Кореја, за кого Милан ги договара последните детали со Атлетико Мадрид.