Му се направи ќефот на Трамп: Врховниот суд даде одобрение за ѕидот меѓу САД и Мексико


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Американскиот Врховен суд одобри грант од 2,5 милијарди долари за изградба на граничниот ѕид долж целата граница меѓу САД и Мексико, кој запна да се изгради американскиот претседател Доналд Трамп. Средствата претходно ги одобри Конгресот за Пентагон.

Судот во кој Републиканците имаат мнозинство, со 5 наспрема 4 гласа, целосно ја блокира претходно донесената пресуда на сојузниот суд во Калифорнија, со која се забранува претседателот да троши пари, бидејќи Конгресот експлицитно забрани средства за проектот за градење ѕид.

На овој проект, вреден вкупно 6 милијарди долари, остро се спротиставија Демократите и мексиканската влада.

Трамп не успеа да го убеди Конгресот да го финансира ѕидот иако во февруари прогласи вонредна состојба на национално ниво и најави дека ќе ја овласти администрацијата да репрограмира 6,7 милијарди долари од средствата финансирани од Конгресот за други цели што ќе се пренаменат за изградба на ѕидот.

Трамп, за кого изградбата на ѕидот на границата беше главното ветување во кампањата за влез во Белата куќа во 2016 година, ја поздрави одлуката на Врховниот суд, нарекувајќи ја победа на “пограничната безбедност и владеењето на правото”.