Home Наука и техонологија Со овој телефон можете да „копате“ и безбедно чувате криптовалути

Со овој телефон можете да „копате“ и безбедно чувате криптовалути

„Sugar Blockchain Creation Edition“ е смартфон креиран специјално за чување и „копање“ на крипто-валути од страна на кинеската компанија Sugar.

Информациите јасно покажуваат дека потрошувачите ќе добијат 5,99-инчен телефон со FullHD + резолуција, 4GB RAM и 128GB меморија за апликации. Останатите спецификации вклучуваат батерија со капацитет 3060 mAh, 8-јадрен процесор Snapdragon (веројатно Snapdragon 652), сензор за отпечатоци и 16 мегапикселна главна камера.

Според „Sugar“, телефонот е погоден за „копање“ на крипто-валутата етереум фог, чие лого е поставено на задниот поклопец. Производителот очигледно се надева на сериозен интерес од оние кои сакаат да „копаат“ крипто-валути затоа и стартната цена на уредот во Кина е 3.999 јуани, што е приближно 508 евра.

Секако во интернет веднаш се појавија сомневања дали скромниот хардвер и не особено големиот капацитет на батеријата се прилагодени за „копање“ на крипто-валути, но пак може да се покаже дека „Sugar“ измислиле некакво особено итро софтверско решение.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…