Овој егзотичен остров може да биде ваш за само 350 долари дневно


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако мислевте дека единствени луѓе кои летуваат на пусти острови се бродоломците и богаташите, не сте свесни колку грешите.

Оддалечениот и прекрасен Остров на птиците, во близина на Белизе, може да ви овозможи да се чувствувате како холивудска ѕвезда, па макар и на два-три дена.

Овој остров е толку зафрлен, што ви е потребна помош од сопственикот на истиот за да стигнете до него.

Но, кога еднаш ќе стапнете на островот, ќе ви стане јасно зошто е посебен. Ќе бидете опкружени со пријатна тишина и фантастична сина вода.

И сега она најдоброто – овој остров можете да си го изнајмите само за вас, а цената е само 350 долари на ден. Да, не звучи евтино, но во споредба со тоа што го добивате, верувајте не е скапо. За тие пари можете да си уплатите и во најлуксузните дестинации на светот, но дали ќе ја имате привилегијата да речете дека се само ваши. Макар и на неколу дена.