Овие „златни раце“ се продадени за 10 милиони долари во биткоини – дознајте чии се


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Позлатената копија од дланките на култниот јужноафрикански претседател се продадени за 10 милиони долари кои се исплатени во битокини.

Канадската компанија Arbitrade, која се занимава со криптовалути, на јужноафриканскиот бизнисмен Малком Данкан му ги откупи четирите златни копии од дланките на славниот јужноафрикански претседател и борец за човекови права, Нелсон Мандела.

Компанијата ги најави плановите за глобалната турнеа под наслов „Golden Hands of Nelson Mandela“, чија цел е да ги едуцира младите луѓе за животот на Мандела.

Ова е прв пат за некој артефакт поврзан со Мандела да биде платено со биткоини.

Мандела во затвор помина 27 години од животот поради борба против апартхејдот. Беше ослободен во 1990 година, а функцијата претседател ја обавуваше од 1994 до 1999 година. Почина во 2013 година, на 95-годишна возраст.

Данкан златните дланки тешки 9 килограми ги купи од компанијата Harmony Gold во 2002 година. Тие се дел од колекцијата која ги одбележува годините кои Мандела ги помина во затвор. Остатокот од колекцијата, по завештание на Мандела, е уништен во текот на неговата борба против злупотреба на неговото име и имиџ.