Овие серии на Netflix беа најгледани за време на карантинот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред светот да биде потресен од коронавирусот и да се промени секојдневниот нормален начин на живеење поради пандемијата, многумина од нас одвај чекаа долг викенд за да се препуштат на лежење во пижами, јадење и гледање на омилената серија. И веројатно многумина посакуваа тоа да можат да го прават секој ден по цел ден.

Но, една мудра мисла вели „внимавај што посакуваш, може да ти се оствари“, па додека беше на сила полицискиот час, а заедно со него и неколкудневните карантин периоди, гледањето серии беше „остварување на желбите“.

Секако, има и луѓе на кои овој период им дојде како порачан, па со задоволство одбегнуваа средби со луѓе и уживаа во омилените серии. Стриминг платформата Netflix стана омилен цимер на многумина од нас, а ова беа сериите кои беа најгледани за време на карантинот.